Статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура откриена во Албанија/ВИДЕО

30

Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос. Тоа е прва ваква статуа во Албанија.

Споменикот наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.

– Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце. На церемонијата на инаугурација присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Локалното население и организаторите веруваат дека ова место ќе стане посакувана туристичка дестинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Atlantiku (@atlantiku.media)

ИЗДВОЕНИ