недела, јули 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Статистика: Во првото тримесечје природниот прираст е негативен во 66 општини

Статистика: Во првото тримесечје природниот прираст е негативен во 66 општини

186

Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3.380 и е намален за 4.1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Негативен природен прираст е забележан во 66 општини во земјава.

Во соопштението се наведува дека бројот на умрените лица во првото  тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 процент во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5.342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 отсто во споредба со  истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година.

ИЗДВОЕНИ