Статичари испитуваат колку е безбеден „Влајко“

49

Активностите за испитување на статиката на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае се во тек.

За таа намена, Општина Карпош ја ангажираше фирмата за техничко испитување и анализа „ТСГ Индустри сервис“, која започна со испитување на дел од надвозникот во насока исток – запад, односно кон населбата Ѓорче Петров.

Во текот на денешниот ден, стручните служби вршеа испитување на другиот дел од надвозникот „Влајко“, поточно во насока запад – исток, кон Центар.

– Откако ќе завршат со надворешните мерења, овластените лица ќе спроведат внатрешно испитување на статиката на надвозникот, по што ќе ги сумираат резултатите – соопштија од Општина Карпош.

Поради испитувањата, движењето по коловозот на овој потег се одвива по изменет режим.

 

ИЗДВОЕНИ