Словенечкиот среден бек Сташ Скубе, во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што заминува од Монпелје и се враќа во Словенија.

Како што информираат од земјата, 35-годишниот ракометар постигна договор со новиот амбициозен проект Слован Љубљана. Играчот доаѓа од Монпелје и ќе игра дома за првпат по 2016 година кога го напушти Горење.

Покрај за Монпелје и Горење, Скубе играше и за Тримо Требње каде ја почна кариерата, а потоа Вардар од Македонија со кого стана европски првак, како и за белоруски Мешков Брест и унгарски ПИК Сегед.

ИЗДВОЕНИ