Поставен камен темелникот на новата турска инвестиција во ТИРЗ Скопје. Се работи за фабриката „Шахтерм“ за производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство за најголемите производители во светот.
Во првата фаза ќе се инвестираат 25 милиони евра и се предвидени 200 работни места, додека пак, целата инвестиција е планирано да биде во вредност од 50 милиони евра со над 500 вработени.
Инвестицијата со која ќе се гради објект со површина од над 13.000 квадратни метри, опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.