Кошаркарите на Жалгирис го изненадија Монако во првото коло во Евролигата, совладувајќи го на гости со 84:89. Најзаслужен за оваа победа беше Моузес Рајт со 21 поен, кој имаше помош од Најџел Вилијамс Гос, кој постигна 14 коша.
Актуелниот шампион, тимот на Фенербахче, пак, ја одбрани улогата на фаворит на дуелот против Париз, победувајќи пред своите гледачи со 96:77. Најефикасен во победничкиот тим беше Девон Хал со 22 поена, додека на спротивната страна прво име беше Надир Хифи со 23 коша.
До победа дојде и тимот на Валенсија, кој беше подобар на гости од АСВЕЛ, со 77:80.