Стармер: Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот

77
Фото: EPA

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека земјата ќе ја признае државата Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот и не се движи кон мир, пренесе „Бета“.

Порано денес, Стармер итно ги повика своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да доведе до признавање на Палестина.

Стармер разговараше за Газа со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата, а вчера му ги пренесе на американскиот претседател Доналд Трамп во Шкотска плановите на кои работи со европски претставници за воспоставување траен мир на територијата, соопшти Даунинг стрит.

Најавата на Макрон дека ќе ја признае палестинската државност беше претходно дадена, додека Германија изјави дека сè уште нема таков план.

ИЗДВОЕНИ