Стармер: Лондон е подготвен да соработува со ЕУ за да и обезбеди на Украина финансии од руски замрзнати средства

33
Foto: EPA

Британскиот премиер Кир Стармер денес на состанокот на Коалицијата на волјата изјави дека Лондон е подготвен да соработува со Европската Унија во обезбедувањето финансиска поддршка на Украина користејќи руски „имобилизирани“ средства.

„Ова е најдобриот начин да му се покаже на рускиот претседател Владимир Путин дека треба да преговара, дека не треба да се обидува да чека подолго од нас. Ова е најдобриот начин да се поддржи Украина во војна или во мир“, рече Стармер за време на видео обраќањето до европските лидери, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека знае дека тимовите на ЕУ континуирано работат на обезбедување средства за Украина. Стармер рече дека Украина предложила „некои конструктивни измени во мировниот предлог“. „Мислам дека се движиме во позитивна насока“, рече Стармер, додавајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека има индикации дека поголемиот дел од текстот може да биде прифатен.

ИЗДВОЕНИ