На прагот сме на новата учебна година, а градскиот превоз останува со стариот возен парк. Од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред и ќе има потреба од повеќе автобуси и поредовен превоз.
Граѓаните и сега се жалат дека на автобуските постојки чекаат со часови, а кога конечно ќе се појави автобус, тој е или преполн или воопшто не застанува. Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, вели дека градските советници не ја гласале нејзината одлука за набавка на нови автобуси, а за старите возила вели дека често се расипуваат и не може да се најдат резервни делови да се поправат
На прагот сме на новата учебна година, а градскиот превоз останува со стариот возен парк. Од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред и ќе има потреба од повеќе автобуси и поредовен превоз.
Граѓаните и сега се жалат дека на автобуските постојки чекаат со часови, а кога конечно ќе се појави автобус, тој е или преполн или воопшто не застанува. Од синдикатот со месеци алармираат, додека од ЈСП нема никакви информации дали и што ќе се направи да има поредовни автобуси. Со оглед на тоа дека нема набавка на нови автобуси, а старите, поради дотраеност често се расипуваат, веројатно од понеделник родителите кои децата ги праќаат на училиште со јавниот градски превоз повторно ќе ја имаат истата главоболка со стариот проблем.
Скопската градоначалничка, Данела Арсовска повторно беше прашана од градските советници што прави по тоа прашање, а таа обраќајќи им се од говорницата на Советот на Град Скопје, повтори дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ цело време не ја гласаат нејзината одлука за набавка на нови автобуси, како замена на дотрајаните.
– Поради вас нема квалитетен јавен превоз и нови автобуси и тоа сите го знаат, тоа не можете да го изманипулирате со ниту еден напад, ни да го скриете со ПР-кампања. Во изминативе 3,5 години место да терате инает со цел град, луѓе надвор на 40 и плус степени чекаат нови автобуси. Над 30 пати одлуката беше ставена на гласање и не ја гласавте, тоа треба вие да појасните зошто. Рековте во мај ќе донесете нови автобуси, а веќе септември дојде и нема нови возила и тоа треба да објасните зошто. Сомнителни набавки ниту имало ниту ќе има. Поминале ревизии и утврдиле дека тоа претпријатие во рамки на своите можности работи поконсолидирано од кога било. Автобусите што ги зборувате стојат таму од 2017 година и не се поправаат затоа што некој набавил такви автобуси и за кои нема резервни делови. Треба да им се каже вистината на луѓето зошто 3,5 години немаат превоз – истакна Арсовска.
Владата се обиде преку тендер што го распиша Министерството за транспорт и врски да набави нови 120 еколошки автобуси, но кон крајот на минатиот месец тендерот беше поништен затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.
– На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно со објавениот јавен повик. Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста – соопштија од Министерството.
Како што беше најавено пред распишување на тендерот 80 автобуси ќе бидат за ЈСП „Скопје“, а останатите 40 ќе бидат распределени по други градови.
Жичницата на Средно Водно пуштена во функција
Од ЈСП известија дека жичницата од Средно Водно до Милениумски крст е во функција и дека функционира со вообичаеното работно време од 10:00 до 20:00 часот, при што од 19:00 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Жичницата до Милениумскиот крст на Средно Водно, која со денови наназад беше затворена без притоа навреме да се информираат граѓаните, и за неа се шпекулираше дека работи без дозвола. Дури тогаш од ЈСП испратија официјално соопштение дека во моментов на жичницата се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис.
Направен е вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој не биле констатирани технички недостатоци, односно било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.
Арсовска: Љамалари глуми жртва дека јас сум го тепала!
Пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое по изведувањето на доказите и сослушување на сведоците, ќе има завршни зборови со кои постапката за насилството влегува во својата последна фаза, на социјалните мрежи објави детали градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
– Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него. Тврди дека сум го тепала со лекарски извештај од дигестивен хирург изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по неговото тврдење дека имал повреди на ногата од ќотекот што го јадел од мене. Судот и обвинителството одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала. На утрешното судење ќе има завршни зборови, искрено би сакала од него уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек. Такво време дојде ем да тепаат жени ем да глумат жртви дека се тепани – вели Арсовска.
(С.Бл.)