вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стариот колектор не може да го спречи излевањето нечистотии во езерските води

Стариот колектор не може да го спречи излевањето нечистотии во езерските води

1005

Дотраениот колекторски систем, стар околу четири децении, кој е во голема мера нефункционален, не може да го спречи излевањето нечистотии во езерските води. Научната заедница во Македонија упати апел дека на Охридското Езеро му се случуваат забрзано загадување и истребување на живиот свет, а институциите не преземаат речиси ништо за да го спречат тоа.

Тие нагласуваат дека покрај отпадните води и фекалиите, проблемот дополнително го влошуваат и сè поголемиот број нелегални градби покрај самото крајбрежје, како и зголемениот број пловни објекти што го деградираат уникатниот екосистем.

На итната потреба од заштита на водите на Охридското Езеро од загадување со години наназад предупредува и УНЕСКО во речиси сите свои извештаи.

Загриженост за состојбата изрази и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која предложи донесување лекс специјалис за Охрид и регионот, со кој би се овозможила суштинска и трајна заштита на природното и на културното богатство.

ИЗДВОЕНИ