петок, јануари 16, 2026
Дома МАГАЗИН “Стариот џумбушлија“ е со две добри пензии – српска и австриска: популарната...

“Стариот џумбушлија“ е со две добри пензии – српска и австриска: популарната Ана Бекута долева масло на огнот

510

Популарната 68-годишна балканска пејачка, Ана Бекута, која засекогаш остана слушана во Македонија со фолк-хитот „Стариот џумбушлија“, освен што деновиве поттикна огромен револт кај публиката во Србија, по солено платениот настап во градот Чачак, со изјавите долева масло на огнот. Наместо да молчи, јавно се пофали дека неодамна станала мошне добро платена пензионерка. Покрај српската национална пензија, која ѝ е над илјада евра, таа се стекна и со пензија од Австрија. Била паметна, па си плаќала придонеси, како истакнат уметник, во австрискиот пензиски фонд.

– Вистина е дека примам две пензии. Чесно си ги заработив. Исто така, често настапувам на концерти, од кои добро заработувам. Не сфаќам зошто луѓето ми се толку љубоморни? Забораваат дека некогаш, во мојата рана младост, бев многу сиромашна, немав ниту за леб, немав обувки да си купам. Тоа е жива вистина. Затоа секој нека си гледа во својот паричник. Животот е тркало, треба да се живее. Само да сме здрави, па сè ќе биде – открива Ана, која и понатаму не го крие разочарувањето од настапот во Чачак.

На сцената, таа беше мавана со снежни топки од собраниот разочаран народ, поради хонорарот што Општината наводно ѝ го исплатила. Велат, некои 40 илјади евра!      (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ