Стара измама, нова жртва: 77-годишна скопјанка измамена за 3.000 евра со лажна сообраќајка

20

Седумдесет и седумгодишна жена од Скопје во вторникот пријавила во полициска станица во Скопје дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.

Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ