сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стар Конак се поплочува со коцка

Стар Конак се поплочува со коцка

98

Започна уредувањето на една од најстарите населби во Штип, Стар Конак. Просторот ќе биде поплочен со коцка, а претходно на оваа локација се работеше на промена на водоводната и на канализациската мрежа. Издвоени се околу 1.600.000 денари од буџетот на Општина Штип и се очекува уредувањето да биде готово во наредните неколку дена.

– Започнуваме со уредување на една од најстарите градски населби, тоа е Стар Конак. Плоштадот, на кој претходно се работеше на промена на водоводната линија, започнува да се уредува. Ќе биде поплочен со соодветна коцка – изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој потсети дека на сите улици на кои се работи, на територијата на Општина Штип, во првата фаза се врши промена на водоводната и на канализациската мрежа пред да бидат асфалтирани и целосно уредени.

– Ова е една од најстарите населби, доста значајна за нашиот град. Во минатото, многу малку било посветено внимание на неа од локалната самоуправа. Ме радува што еве, конечно, влегуваме со одредени активности да биде соодветно третирана – истакна Јорданов.

 

ИЗДВОЕНИ