Станува ли Македонија Мека за мигранти? – По објавата во британските медиуми веста е демантирана, но дилемата останува 

0
epa09603480 Migrants carry a tree trunk to use it as firewood, near their tents in Grande-Synthe near Dunkirk, France, 25 November 2021. At least 27 migrants have died and 2 others have been taken to hospital after a boat in which they were trying to cross the La Manche canal (English Channel) to Great Britain sank. EPA/Mohammed Badra
Овие тврдења се протнаа уште во мај, годинава, при потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, но уште тогаш беа категорично демантирани и од британскиот амбасадор Метју Лосон и од македонската влада. Од опозицискиот СДСМ, пак, обвинија за тајни преговори. Пратеникот Милошоски им возврати со уверување дека Договорот за стратешко партнерство со Британија не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Тој нагласи дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кои земјава ги постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија, но не и во бегалски кампови.

 

Темата за правење мигрантски кампови во Македонија повторно се наметна како дилема во јавноста откако британскиот весник „Дејли мејл“ објави дека според нов план за намалување на илегалните преминувања преку Ла Манш, Велика Британија би можела да депортира неуспешни баратели на азил во Македонија. Весникот наведува дека земјава, наводно, влегла во формални разговори со британските власти за отворање на „центар за враќање на мигранти“, кој би започнал со работа наесен.

Според информациите, Лондон би ѝ плаќал на Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, а истовремено би инвестирал во земјата и во нејзината безбедност – со акцент на „одвраќање на руското влијание“. Мигрантите, пак, би можеле да побараат азил во Македонија или да добијат работни визи во сектори со недостиг на работна сила. Притоа, тие немало да бидат притворени и би имале слобода да заминат доколку сакаат, пишува „Тајмс“.

Овие тврдења се протнаа уште во мај, годинава, при потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, но уште тогаш беа категорично демантирани и од британскиот амбасадор Метју Лосон и од македонската влада.

„Како дел од договорите, земјата се согласи да се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите. Но тоа се однесува на соработка на полициските сили, справување со криминални банди и подобро споделување разузнавачки информации, што веќе се прави со неколку други европски земји. Сосема друга приказна е прифаќањето мигранти, не се работи за тоа. Сакам да бидам јасен во тој дел.“ Владата пак, го повтори истиот став од мај дека ова е напис е за внатрешно-политичка употреба и дека единствената вистина е таа на амбасадорот Лосон, кој пред неколку месеци категорично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, изрази уверување дека Договорот за стратешко партнерство со Британија не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Тој нагласи дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кои земјава ги постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија, но не и бегалски кампови.

Од опозицискиот СДСМ, пак, обвинија за тајни преговори.

– Додека младите масовно се иселуваат поради сиромаштијата, власта тајно преговара за враќање и трајно прифаќање на мигранти во Македонија, велат од СДСМ од каде додаваат дека Владата на Христијан Мицкоски се обидува да ја „испере“ ситуацијата, иако аналитичарите во Британија веќе зборуваат за конкретни планови.

– Сите угледни британски медиуми јавија за овие разговори само власта нешто се обидува да се испере. Аналитичарите во Британија веќе ја споменуваат Македонија како држава која може трајно да прими дел од мигрантите. Тоа значи нивна целосна интеграција, со домови, работни места итн. Не може младите да ни бегаат надвор, а власта да преговара за носење мигранти“, реагираат од СДСМ. Партијата најави дека со целиот свој капацитет ќе се спротивстави на овие, како што ги нарекува, антидржавни политики.

Инаку, земјите од ЕУ се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучително и воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ. „Франс 24“ пишува дека европските влади се обидуваат да заземат поцврст став по ова чувствително прашање поради стравувања дека крајнодесничарските партии би можеле да остварат големи успеси на изборите. Иако бројот на нелегални влегувања во ЕУ е намален за околу 20 % оваа година, притисокот за акција останува висок. Дел од земјите членки, предводени од Данска, силно го поддржуваат пакетот, а дипломатски извори велат дека постои „широка политичка волја“ за негово усвојување.

Активистите остро реагираа, предупредувајќи дека мерките ќе ги доведат мигрантите во уште поголем ризик и правна неизвесност. Скептицизам постои и внатре во блокот – Франција ја доведува во прашање легалноста на дел од предлозите, а Шпанија не верува во ефективноста на „центрите за враќање“.

 

ИЗДВОЕНИ