Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, го помина собранискиот филтер во матичната комисија. Предлагачот на законот, Бојан Стојановски кој е и претседател на Комисијата, истакна дека промените се направени со цел поедноставување на процесот на регистрација на возила.
Tој истакна дека измените им овозможуваат на станиците за технички преглед да издаваат потврда за регистрираното возило, врз основа на претходно проверени критериуми, што ќе се завери со печат на сообраќајната дозвола. Исто така, се предлага регистрацијата да се врши низ целата земја, а не, како досега, во близина на местото на живеење.
– Во разговорите со нашите сограѓани и со организациите вклучени во овој закон, дојдовме до заклучок дека процесот на регистрација на возила може да се поедностави, особено затоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат на станиците за технички преглед, што значи дека дури и ако постапката за преглед на возила е целосно завршена, сепак ќе треба да почекате неколку дена за да добиете печат за сообраќајна дозвола, и поради оваа причина решивме да направиме некои иновации – објасни Стојановски.