Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство.

Од СДСМ велат дека во исто време платите стагнираат, а власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.

– Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати. Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот – велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%.

ИЗДВОЕНИ