Светскиот шампион во пикадо, Лук Литлер (18), за само една недела ги потроши сите пари заработени на Светското првенство. Тој реши да купи раскошна вила вредна преку еден милион фунти во својот роден град Ворингтон. Се разбира, вилата е наменета за неговите родители, мајката Лиза и таткото Ентони.

Литлер до неодамна изнајмувал ексклузивен имот во близина со своите родители, но откако минатата недела освои неверојатни 1,2 милиони фунти во „Александар Палас“, светскиот број еден реши да купи куќа.

  • Лук е млад човек. Го купил местото и таму живее со мајка си и татко си, но со текот на времето, ќе ги рашири крилјата и се надева дека тие ќе останат таму. Не е лош божиќен подарок за нив, токму тоа го заслужуваат бидејќи направија сè за да му помогнат да стигне до местото каде што е денес, открива извор близок до Литлер.

Агентите за недвижности ја опишуваат куќата како „прекрасен семеен дом“, кој се одликува со врвни погодности. Тие вклучуваат џакузи, соларни панели, подно греење, шпорет на дрва и пространа кујна со отворен план, идеална за забава.

Импресивниот имот има пет спални соби, секоја со сопствена бања, уредени градини, двојна гаража и приватен паркинг за неколку возила. Главната спална соба дури има и посебна гардероба, засводен таван и балкон со поглед на градината. Куќата последен пат е продадена во јануари 2021 година за 900.000 фунти, пред да биде објавена за 1,2 милиони евра минатата година.

Купувањето претставува неверојатна промена од поранешната семејна куќа вредна 200.000 евра и е доказ за тоа колку се променил животот на Литлер откако тој се појави на светската сцена со пикадото, на 16-годишна возраст.

Литлер ја обезбеди својата втора светска титула во „Александар Палас“ минатата недела, со доминантна победа од 7-1 над Џан ван Вин, бранејќи ја круната што сензационално ја освои на 17-годишна возраст.

Само неговиот награден фонд од турнирот веќе надмина 2,3 милиони евра во неговата двегодишна професионална кариера, со додадени профитабилни договори за рекламирање. Неговата вкупна нето-вредност се проценува на 7,8 милиони евра.

На прашањето како планира да ги потроши парите, тој откри дека сака да ги инвестира во колекционерски фудбалски картички и неколку кутии за да го гледа својот омилен клуб, Манчестер јунајтед.

  • Очигледно, тоа се многу пари. Јас сум првиот играч што ја надмина границата од два милиони евра. Се надевам дека ќе се обидам да стигнам до три милиони евра. Очигледно, парите се тука. Го кажав тоа и претходно, никогаш не сме имале олку пари како семејство, истакна Литлер.

 

ИЗДВОЕНИ