Не е мал бројот на граѓани кои се жалат на аномалиите при купување на станови, особено оние кои се охрабруваат да купат во градба, па и покрај договорите со инвеститорите, со години не можат да добијат имотни листови. Заглавени во триковите на инвеститорите и неможноста легално да ја добијат потребната документација за становите кои веќе ги платиле, најголем дел од нив одлучуваат да живеат во згради кои немаат документација, што носи своевиден ризик. Тие бараат институционално да се реши проблемот, но се чини дека државата не може многу да помогне.

Тоа се потврди и со изјавата на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски кој минатата недела упати апел до граѓаните да купуваат изграден стан со важечки имотен лист и со употребна дозвола и да бидат внимателни при инвестирање во стан во градба. Иако поминаа 20 години, сè уште се свежи сеќавањата на аферата „Фиком“, која е една од најголемите измами со продажба на станови во Македонија, тешка 10 милиони евра.

Што се случува на пазарот на недвижнини? Не е мал бројот на граѓани кои се жалат на аномалиите при купување на станови, особено оние кои се охрабруваат да купат во градба, па и покрај договорите со инвеститорите со години не можат да добијат имотни листови. Заглавени во триковите на инвеститорите и неможноста легално да ја добијат потребната документација за становите кои веќе ги платиле, најголем дел од нив одлучуваат да живеат во згради кои немаат документација, што носи своевиден ризик. Тие бараат институционално да се реши проблемот, но се чини дека државата не може многу да помогне. Тоа се потврди и со изјавата на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски кој минатата недела упати апел до граѓаните да купуваат изграден стан со важечки имотен лист и со употребна дозвола и да бидат внимателни при инвестирање во стан во градба. Тој истакна дека слушнал дека нешто се случува на пазарот на изградба на станови.

– Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го кажам за да внимаваат оние што купуваат. Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови што може да ги видат, што се физички пред нив, со важечки имотен лист, во згради со употребна дозвола. Затоа што има шпекулација на пазарот и страв ми е дека може да пукне таа шпекулација во еден момент, односно да ни се случи да има инвеститори што не можат да ги износат проектите што ги почнале. Мислам дека е фер да го кажам ова – рече Николоски и истакна дека власта не може ништо да направи за ова прашање бидејќи, како што истакна, локацијата за градба е на инвеститорот, има соодветен ДУП, платил комуналии, гради со важечка дозвола…

Иако поминаа 20 години, сè уште се свежи сеќавањата на аферата „Фиком“, која е една од најголемите измами со продажба на станови во Македонија, тешка 10 милиони евра. Зградите што ги градеше „Фиком“ во Кисела Вода сè уште се недоградени и сведочат за измамата на сопружниците Николиќ откако, во 2006 година, ја открија медиумите по тврдењата на група граѓани дека бил продаден нивниот стан на уште неколку лица. Сопружниците Николиќ успеале да измамат многу луѓе ветувајќи им евтини, модерни станови, речиси во центарот на Скопје. Во седум згради во централното градско подрачје, тие продавале станови по цена од 450 до 500 евра за квадратен метар, без склучен договор. Стотици семејства се оштетени, ги платија становите, но не добија дом.

За мегаградежната афера „Фиком“, сопственикот Никола Николиќ беше осуден на вкупна затворска казна во траење од 25 години и два месеци и требаше да излезе од затвор во ноември 2031 година. Но, на почетокот од март 2015 година беше пронајден обесен во затворот во Штип. Оттогаш нема разрешница.

Николоски вели дека има тенденција на раст на цената на становите во Скопје, Охрид, Тетово, Струмица и во Штип, а обезвреднување на имотите во остатокот на државата. Тоа, според него, доведува до миграција на населението во урбаните средини, до централизирање на државата и до опустошување на руралниот дел.

– Дали се користи тоа шпекулативно за покачување на цената, да, се користи затоа што пазарот го дозволува тоа. Што да се преземе? Не може да се очекува дека која било мерка би довела до пониска цена на квадрат на становите, невозможно е тоа. Но, она што може да се преземе е да се ослободат младите од комуналиите за изградба на куќи, да им се даде поевтино земјиште, нешто што веќе го прават повеќе општини, како и да се градат социјални станови за најранливите категории – рече Николоски.

Деновиве, Собранието ги донесе измените и дополнувањето на Законот за данок на додадена вредност, со кои повластената стапка на ДДВ од 5 % за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година, односно до 2028 година. Доколку не се изгласаше измената, по Нова година требаше да се покачи данокот на 18 %, што драстично ќе ги зголемеше цените.

Мерката се однесува на првиот промет на станбените згради и на становите што се користат за станбени цели. Николоски вели дека Владата се откажува од дополнителен приход за колк-толку да се влијае на намалувањето на порастот на цените.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ