Стафа во притвор, во Апелација за истргата дознале од медиумите

482

Судот му определи притвор од 30 дена на поранешниот правобранител, Фехми Стафа, кој е фатен како примил мито од 50.000 евра. Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција побара затворски притвор поради опасност од влијание врз сведоци и бество. Стафа беше уапсен за барање и примање на пари за поткуп на судија во скопска Апелација кој одлучувал во предмет по жалбена постапка за обвинет во случајот „Синџир“ по кој е распишана меѓународна потерница.

Претседателката на Апелација, судијката Мери Дика, за ВЕЧЕР вели дека од медиумите дознала за истрагата во која се спомнува судија од судот каде таа раководи. Најави дека доколку има одлука по предметот за кој ОЈОГОКК тврди дека се барал поткупот, ќе биде објавена на страницата на судот. Во однос на судијата,  Дика немаше коментар, кусо ни одговори дека Судскиот совет е тој што доколку има сомнежи кај некој судија да поведе соодветни мерки, се дотогаш ништо не можеме да знаеме, одговори претседателката на Апелација.

Осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов-Ѓаволот, неофицијално е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, во својство на адвокат, требало да издејствува укинување на мерката притвор. Стафа, пред неколку месеци поднел барање за замена на мерката притвор со куќен притвор во отсуство на Пецов, за што била понудена и гаранција. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ