Стабилно и релативно топло време, услови за локални врнежи од среда

47

Времето денеска ќе биде променливо облачно во претпладневните часови, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура се движи во интервал од два до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 до 22 степение.

Во Скопје,  времето, исто така, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до 21 Целзиусов степен.

Стабилното и релативно топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до вторник, а веќе од среда, се очекува промена на временската состојба, кога ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.

ИЗДВОЕНИ