Хавајските острови во Пацификот беа погодени од силна бура проследена со дожд и врнежи од снег. Поради силните бури, температурите на овие тропски острови паднаа на 18 степени Целзиусови, поради ветровите и брановите на океанот кои се екстремно високи, објавува „РТС“.
Островите, кои имаат тропска клима и годишни температури во просек од 26 до 32 степени Целзиусови, снегот е изненадување. Вулканските конуси на островот исто така побелеа, пренесе „РТС“.
Метеоролошките служби го следат времето со повремени предупредувања за зимски бури.
View this post on Instagram
На најголемиот хавајски остров, снегот вееше како на планините. Снежната граница за снег падна под 2.500 метри надморска височина.
Мауна Кеа, неактивен вулкан на Големиот Остров на Хаваи, е највисоката точка на Хаваи.
View this post on Instagram
Научниот резерват, управуван од Универзитетот на Хаваи, има едни од најмоќните телескопи во светот, кои се користат за следење на климатската ситуација, како и снежните врнежи што го покриле вулканот.
Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан во светот, е исто така покриен со снег.
Хаваи е архипелаг во централниот Тихи Океан, југозападно од континенталниот дел на САД, југоисточно од Јапонија и североисточно од Австралија.
Природната убавина, топлата тропска клима, чистите мориња и бранови и активните вулкани го прават Хаваи популарна дестинација за туристи, сурфери, биолози и вулканолози.












