Во рамките на Осмиот регионален бизнис-форум во организација на Стопанската комора на Војводина, кој се одржува во Нови Сад, се потпиша договор за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина.
Претседателите Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потпис за: соработка за размена на информации значајни за развојот на бизнисот; за унапредување на човечките ресурси; за заедничко дејствување; за заедничко претставување и застапување пред други организации и бизнис-заедници; за заедничка организација на настани и претставување на трети пазари; за пренос на знаење и за споделување добри практики.
– Овој вид иницијативи и спогодби се јасна порака на бизнис- секторот во регионот дека мора да соработува за да остане конкурентен во овие нестабилни економски времиња. Фокусот на дигитализацијата, човечките ресурси и на продуктивноста во следните години, како регион, нè приближува кон саканата цел, односно Европската Унија – истакна Ѓорѓиевски.












