Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангеловски, е избран за член на највисокото управно и одлучувачко тело на Светската федерација на стопански комори на настан што се одржа во рамки на 14. Светски конгрес на стопански комори што од 2 до 4 септември се одржува во Мелбурн, Австралија,

– Ова претставува исклучително признание и голема чест за Македонија, со што нашата земја добива свое место и глас во креирањето на клучните стратегии, политики и насоки за развој на стопанските комори и деловната заедница на светско ниво. Членството на претседателот Ангелоски е силна потврда дека Македонија се позиционира како активен и влијателен партнер во глобалните економски текови, обезбедувајќи нови можности за домашните компании и претприемачи. Со овој чекор, Македонија добива право на глас во донесувањето на најважните одлуки на меѓународно ниво, а воедно и можност да го претстави својот претприемачки дух пред светот – истакна Ангелоски.

ИЗДВОЕНИ