четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Српско обвинителство за весникот ВЕЧЕР-постои сомневање дека петте тони канабис потекнуваат од...

Српско обвинителство за весникот ВЕЧЕР-постои сомневање дека петте тони канабис потекнуваат од Македонија

151

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од Србија, за весникот Вечер, тврди дека постои сомневање дека 5-те тони запленета марихуана во во село Коњух кај Крушевац, потекнуваат од Македонија. Од српското обвинителство каде се води истрагата против петмина осомничени за шверц на дрога, велат дека од првиот ден се во комуникација со надлежните во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски досега неколкупати вели дека нема информација оти марихуаната запленета во Србија е со потекло од земјава и поминала преку македонско-српската граница. Во продолжение одговорот од српското обвинителство за ВЕЧЕР

-Според досега собраните информации, постои сомневање дека марихуаната потекнува од Северна Македонија, но утврдувањето на сите релевантни факти, вклучително и потеклото на наркотичната супстанца и околностите на преминување на државната граница, ќе бидат предмет на понатамошна истрага, за што јавноста ќе биде информирана навремено. Во врска со вашето второ прашање, соработката помеѓу Јавното обвинителство за организиран криминал и другите надлежни органи и Обвинителството на Република Северна Македонија е воспоставена уште првиот ден по започнувањето на истрагата. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ