Српските студенти штафетни маратонци пристигнаа во Брисел -целта на 16 дневната трка/видео

36
Фото:принскрин/видео радио_021

Студентите штафетни ултрамаратонци пристигнаа во Брисел, по трка од 1.933 километри што ја започнаа на 25 април, почнувајќи од Нови Сад и Белград.

Студентите ултраматонци пристигнаа во Брисел околу 19 часот, последната дестинација на нивниот 16-дневен ултрамаратон, кој започна во Нови Сад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio 021 (@radio_021)

 

Студентите маратонци ја поминаа целта во Брисел,, пред најважните европски институции, во понеделник вечерта околу 19:20 часот по 16 дена трчање. Тие беа пречекани од голем број членови на српската дијаспора, како од Белгија, така и од соседните земји, објавува N1.

Студентите го прославија своето пристигнување на целта со добро познатите стихови „Кој не скока е будала“ и со масовно скокање на присутните.

Еден студент виолинист ја отсвири химната „Боже на правдата“, која ја пееја во хор ултрамаратонците.

 

ИЗДВОЕНИ