X/Screenshot

Во Вашингтон се одржа гала бал во чест на српско-американскиот научник Михајло Пупин, а прославата беше организирана во петокот во Српската амбасада.

Српскиот амбасадор во САД, Драган Шутановац, ја „подигна“ атмосферата на прославата пуштајќи песни од Светлана Ражнатовиќ Цеца.

Снимката на која зад микс-пултот танцува на песните на Цеца, српскиот амбасадот ја објави на својот официјален профил на Инстаграм. Видеото брзо се прошири на социјалните медиуми и беше проследено со негативни коментари, пишува Nova.rs.

Српската амбасада во Вашингтон ги отвори своите врати за прв пат како дел од „Гала балот Пупин“ во чест на пронаоѓачот Михајло Пупин, кој патентирал уред за телефонски и телеграфски преноси на долги растојанија. Тој беше и почесен конзул на Србија во САД.

ИЗДВОЕНИ