Мегаскандал ја стресе кошаркарска Европа откако бројни медиуми пренесоа за хаосот режиран од аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза и од неговата сопруга, во Италија. Поради него, тие биле уапсени во Болоња.

Вилдоза и неговата сопруга, српската одбојкарка Милица Тасиќ, нападнале екипа на Брза помош. Италијанските медиуми пишуваат дека Вилдоза прво ги провоцирал, а потоа и физички ги нападнал луѓето од Брзата помош, кои брзале да помогнат на повреден. Сега, италијанските медиуми излегоа со детали за случајот.

Првично беше познато дека тие влегле во конфликт со работниците на Црвениот крст и со тимот на Итната медицинска помош, но сега знаеме дека инцидентот се случил многу блиску до арената „Паладоза“, во центарот на Болоња.

Брзата помош застанала кај арената, а потоа нервозниот Вилдоза наводно застанал зад неа. Почнал да трепка со светлата и да ги повикува да побрзаат, а наводно и ја пцуел екипата на Црвениот крст.

Навидум, тоа бил крајот. Сепак, за жал, Вилдоза и Милица Тасиќ повторно предизвикале инцидент иако Брзата помош била со вклучени сирени. Според „Ил Карлино“, Вилдоза потоа намерно закочил и ја забавил Итната медицинска помош. Потоа излегол и физички нападнал една жена од персоналот. Ја зграбил за врат, а Италијанците пишуваат дека Милица ја фатила за коса.

  • Тој провоцирал, а потоа ја нападнал екипата на Брзата помош без причина. Луѓето оделе да помогнат на повреден – објавува „Ил Карлино“.

Карабинерите биле принудени да реагираат и аргентинскиот кошаркар и неговата сопруга биле однесени во најблиската станица. Тие биле уапсени за напад врз здравствени работници, при вршење службена должност.

Милица и Лука се венчаа ова лето и нивната свадба привлече огромно внимание во Србија. Се вели дека е свадба на деценијата.

 

ИЗДВОЕНИ