Државјанин на Србија (39) е уапсен во четвртокот по меѓународна потерница на аеродромот „Шипол“ во Амстердам, поради кражба на часовници, чија вкупна вредност изнедува 1,4 милиони долари, објави „Нова.рс.
Потерницата за српскиот Пинк Пантер, како што се наведува, го распиша Америка каде ќе биде есктрадиран.
Како што преенесоа холандските медиуми, уапсениот се сомнева дека е вмешан во кражба која се случила на 21 март 2021 година во продавница за часовници во главниот град на островот Сент Бартелми.
„Во текот на истрагата е откриено дека овој осомничен продал повеќе часовници во Соеднетите Американски Држави, преку курири и дилери за украдени скапоцени часовници. САД издадоа против него потерница поради сомневање дека посредувал, транспортирал и продавал украден имот“, се наведува во соопштението на властите.
Криминалната група „Пинк Пантери“ позната по грабежите на продавници на накит и продавници со луксузни часовници и накит низ светот.
Главно е составена од ограбувачи од поранешните југословенски држави. Името го добиле по спектакуларните кражби по кои остануваат запаметени.