Среќно и успешно првачиња!/ФОТОГАЛЕРИЈА

92

Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели.

Фото: П. Стојановски

„Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на mзнаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со предизвиците и на нив да гледаат како нови можности за лична надградба и просперитет.

До наставниците и сите вработени во училиштата изразуваме искрена благодарност и почит. Тие се столбот на образованието и заедно со родителите/старателите треба да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации. Министерството за образование и наука и натаму ќе се заложува за квалитетно, современо и инклузивно образование за сите. Потребна е соработка и поддршка.

Повикуваме на обединетост во градењето на училишта исполнети со знаење и почит, во градењето на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал. Среќно на сите!“ – велат од министерството за образование.

ИЗДВОЕНИ