Среќен сум што сум тука и точно знам во каква ракометна средина доаѓам

409
ФОТО: РК Е.Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги почна подгоровките за новата сезона во која ќе ја брани титулата во Суперлигата, а ќе се обиде да направи и нешто повеќе во Лигата на шампионите. На првиот собир пред стартот на подогорвиките, на играчите им беше претставен новиот тренр Шпанецот Рубен Гарабаја, кој на клупата го наследи својот сонародник Раул Алонсо.

Среќен сум што сум тука и точно знам во каква ракометна средина доаѓам. Како играч имав огромно искуство, но како тренер имам тригодишно искуство и имам многу работи да научам. Мислам дека ова е перфектното место за да го направам тоа. Ова е клуб кој расте, со играчи кои имаат огромен потенцијал. Знам дека целта на Еурофарм Пелистер е да ги освои сите титули, но моја лична цел е навивачите да бидат горди со нашите изданија. Сакам да го кренеме нивото на секој играч и да ги исполниме целите.

Имав можност да ја гледам екипата минатата сезона, знам со каков квалитет располага и верувам во овој ростер. Горд сум и што овој клуб има неверојатни навивачи. Верувајте, сум играл во празни сали, нема полошо чувство од тоа. Благодет е да се има вакви навивачи“, рече Шпанецот.

Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).

Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3. септември, првиот натпревар од Суперлигата на теренот на Бутел Скопје на 6/7 септември и првиот дуел од Лигата на шампионите против Загреб на 10/11 септември.

ИЗДВОЕНИ