EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, го осови мастерс турнирот во Париз, откако во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6:4 и 7:6. Синер ја оправда фаворитската улога, иако пред себе имаше исклучително мотивиран ривал, кој на последните неколку турнири прикажа извонредна форма.

Вториот светски рекет ја заокружи мисијата за еден час и 53 минути, со што успеа да се врати и на врвот на АТП листата, каде се наоѓаше Шпанецот Карлос Алкараз.

„Со оглед на сè што се случи, ова е неверојатен резултат. Секако дека сум среќен што повторно сум број еден, иако не знаеме колку долго ќе трае“, рече насмеаниот Синер по финалето.

Неговата победа над Феликс Оже-Алијасим носеше дополнителна тежина – доколку Канаѓанецот победеше, автоматски ќе се квалификуваше за финалето на АТП турнирот, исфрлајќи го Лоренцо Мусети од трката.

„Се надевам дека и Лоренцо ќе дојде во Торино. Би било прекрасно за Италија, двајца играчи во поединечна конкуренција и еден пар во двојки. Ние сме тим кога не играме еден против друг и се бодриме еден со друг“.

Финалето против Оже-Алијас не беше лесно, како што призна Синер на церемонијата на доделување на трофејот.

„Беше многу тежок натпревар. Честитки до Феликс и многу сум среќен што успеав да победам. Му благодарам на мојот тим што ме турка до границата на можностите. Ова беше неверојатна недела, исто како и претходните месеци. Постојано се обидувам да се подобрувам како играч и среќен сум што можам да ги споделам овие резултати со мојот тим“, рече Синер.

ИЗДВОЕНИ