Полицаецот Беким Исени од СВР Тетово ја спаси младата девојка која завчера сакаше да скокне од прозор од хотелска соба држејќи во раката нож. Благодарност за пожртвуваноста и професионалноста му изрази министерот за внатрешни Панче Тошковски. „Вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти, напиша министерот. Полицаецот Исени останал повреден при чинот на спасување од ножот со кој се заканувала девојката дека ќе се убие.
„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.
Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување, напиша Тошковски на Фејсбук профилот
Полицијата ја спречи девојката да не се фрли од прозорецот од хотелската соба откако претходно пријавил маж кој се сомничи за посредување на проституција.Стоела на работ и се заканувала дека ќе се фрли или ќе се убие со ножот што го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полицајците, на чело со Исени насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера. Таа е пренесеа во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Полицијата го уапсила Л.К. под сомнение за посредување на проституција.