вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Средношколките имаат пристап до бесплатни менструални влошки во училиштата

Средношколките имаат пристап до бесплатни менструални влошки во училиштата

139

Средношколките од Кавадарци од денеска имаат пристап до бесплатни менструални влошки во училиштата, менструалната правда започнува во Кавадарци, ова е историски ден, информираа од Комисијата за еднакви можности при Општина Кавадарци, на светскиот ден на менструалното здравје.

– Горди сме да објавиме дека иницијативата на Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци стана реалност. Поставени се четири диспанзери за менструални влошки во СОУ „Добри Даскалов“ , ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ ,СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“. Кавадарци е градот каде што секоја девојка е важна. Во Општина Кавадарци веруваме дека менструалното здравје е право, а не привилегија – истакна Марија Камчева, координатор за еднакви можности во Општината.

Таа изрази благодарност до Винарија Тиквеш за донацијата на финансиските средства во рамки на Фестивалот на младо вино.

– Овој важен чекор не би бил возможен без поддршката од Бела фарм аптеки, здружение за менструална правда и UN women Скопје. Ова е само почеток – подвлече Камчева.

Таа истакна дека бесплатните менструални влошки се инвестиција во здравје, еднаквост, репродуктивно здравје и иднина.

– Диспанзерите со менструални влошки значително ќе им го олеснат животот на ученичките, овозможувајќи им лесен пристап до менструални производи и ќе им го намалат стресот и неудобноста поврзани со менструацијата. Позитивно ќе влијаат врз образовниот процес и ќе го олеснат финансискиот товар на девојчињата – нагласи Камчева.

 

ИЗДВОЕНИ