Средношколците и ова лето ќе се возат бесплатно

36

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“  ги информира средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, во која, меѓудругото, се наведува: „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.

Инаку, од утре јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред. Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk), и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб страница (https://skopjebus.mk/mk/).

ИЗДВОЕНИ