Средина е на мај, а температурите есенски, во соседството можен е снег!

55

Времето во следните денови ќе биде посвежо и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Постабилно ќе биде во среда, а во четврток и во петок се очекува исто така нестабилно со повремени врнежи.

Според прогнозата на српскиот Хидрометеоролошки завод, и во Србија се очекува нестабилно време со дожд, а во среда утринските температури ќе се спуштат под нулата и локално се очекува слаб мраз.

Во четврток попладне и навечер ќе има облачност со дожд и локални врнежи од дожд со грмежи на север и запад од Србија, а оваа зона на врнежи ќе се прошири кон југ и исток од земјата во петок. Можен е снег на високите планини, предупредува РХМЗ на Србија.

ИЗДВОЕНИ