Средбата на Фон дер Лајен и Мерц со белгискиот премиер за финанирање на Украина од замрзнати руски средства без резултати – „времето е од суштинско значење во оваа геополитичка ситуација“

0
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Средбата меѓу Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, со германскиот канцелар Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер за финансирање на Украина од замрзнати руски средства заврши без резултати.

– Се согласивме дека времето е од суштинско значење во оваа геополитичка ситуација.. Имавме конструктивна размена на мислења… Се согласивме да ги продолжиме разговорите со цел да постигнеме консензус на состанокот на Европскиот совет на 18 декември – напиша фон дер Лајен на мрежата „Икс“.

На вечера зад затворени врати во петокот, фон дер Лајен и Мерц требаше да го убедат белгискиот премиер да ги омекне условите под кои неговата земја би можела да го поддржи планот на ЕК за експропријација на руски суверен имот.

Клучната дискусија за овој предлог ќе се одржи на самитот на ЕУ на 18 и 19 декември.

Од почетокот на Специјалната воена операција, земјите од ЕУ и Г7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија: околу 300 милијарди евра.

Повеќе од 200 милијарди се во Европската Унија, главно на сметките на белгиската компанија Euroclear, еден од најголемите системи за клиринг и порамнување во светот.

Белгија, на чија платформа „Еуроклир“ (Euroclear) се замрзнати руските средства, на самитот на ЕУ на 23 октомври го блокираше предлогот на Европската комисија за нивна експропријација под изговор за обезбедување „кредит за репарација“ на Киев.

Белгиската влада бара правно обврзувачки гаранции од сите земји од ЕУ дека тие целосно ќе го преземат финансискиот и правниот ризик со кој би се соочил Брисел како резултат на одговорот на Русија.

Москва постојано го нарекува замрзнувањето на руските средства во Европа кражба, нагласувајќи дека ЕУ ги таргетира не само средствата на приватни лица, туку и државните средства.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Москва ќе одговори на конфискацијата.

Според него, Русија има и опција да не ги врати средствата што ги запленила.

ИЗДВОЕНИ