Средбата меѓу Путин и Трамп треба да се подготви и таа мора да даде резултати

38

Кремљ во петокот соопшти дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е клучна, но дека таа бара значителни подготовки и мора да даде резултати.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го изјави ова откако Трамп рече дека ќе се сретне со Путин „штом тоа може да се договори“.

„Таква средба секако е неопходна. Потребна е првенствено од гледна точка на билатералните руско-американски односи и од гледна точка на сериозна дискусија на највисоко ниво за меѓународните прашања и регионалните проблеми, вклучително, се разбира, кризата околу Украина“, рече Песков.

Руските и украинските преговарачи се во петокот во Истанбул на, како што беше наведено, нивни први директни мировни преговори по повеќе од три години, под притисок на американскиот претседател Трамп да стави крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Коментирајќи ги преговорите во Истанбул, Песков рече дека рускиот преговарачки тим е во постојана комуникација со Москва и дека претседателот Путин добива ажурирани информации во реално време.

ИЗДВОЕНИ