Средба од која зависи судбината на Украина! Путин и Виткоф очи во очи во Москва

45
EPA/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф.

Средбата се одржува во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател, пренесува ТАСС.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што беше пречекан од генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во Москва.

Според извештајот, тие разговарале во „пријателска атмосфера“, со присуство на обезбедување. Виткоф не одговори на прашањата на новинарите за претстојните преговори или планираните средби, вклучително и со Путин.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, потврди дека Виткоф ќе ја посети Русија, но не коментираше конкретни детали од посетата.

Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.

Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

ИЗДВОЕНИ