четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ шеик Мохамед бин Зајед Ал...

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

93

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Во соопштението од претседателскиот Кабинет се наведува дека претседателката се заблагодарила за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.

Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза. Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества. Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји ‘се наведува во соопштението.

 

 

ИЗДВОЕНИ