Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и
директорот на МЕПСО г Бурим Љатифи остварија работна средба со претставници на
германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.
На средбата беше разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем:
• Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за
енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди
техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на
KfW.
• Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи
прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти.
За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна
поддршка на проектот.
• Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии:
• 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка,
• 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија).
Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на билатералните
средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен
електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.
– Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес – изјави министерката Сања Божиновска.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и натаму ќе работи на
забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.