Реализација на повеќе културни проекти, меѓу кои форум за културна дипломатија, изложби и музичка програма инспирирана од народната традиција беа договорени на средбата која помеѓу министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и неговиот српски колега, Никола Селаковиќ се реализираше деновиве во Крушево.
На средбата беа потенцирани одличните односи меѓу двете држави, со акцент на пријателството, традицијата и на континуираната културна соработка.
Двајцата министри потпишаа и нова програма за соработка во културата 2026–2030, која беше посочена како рамка за понатамошно продлабочување на културните врски меѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беа улогата и успешното работење на македонскиот културен центар во Белград, за каде што, во пресрет на одбележувањето на 30- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави.
На средбата беше разгледана и континуираната поддршка на македонската заедница во Србија и на српската заедница во Македонија, како и заедничките активности во рамките на форумот на словенските култури, со проектот „100 словенски романи“ и музејската работилница што е планирано да се одржи во септември 2026 година, во Охрид.
Министрите Љутков и Селаковиќ го искористија престојот во Крушево за посета на повеќе културно-историски знаменитости.












