Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на силниот Г1 турнир „Дракула куп“ во Букурешт, Романија. Но, она што е уште поважно, тој дојде до нови бодови за олимписка норма за Лос Анџелес 2028!
Во првото коло Георгиевски беше слободен, а во четвртфиналето заблежа победа над Марсел Хотак од Унгарија, а во полуфиналето против Тудор Карагеа од Романија. Во финалето загуби од Хусеин Демирчиоглу од Турција.
Дејан на турнирот беше под водство на помошник селекторот Викторија Спасовска.











