Откако неколку пати ги избегнуваше контролите за допинг, освојувачката на сребрен медал на Олимписките игри во Токио, Рејвен Сондерс, прифати суспензија од 30 месеци. Необичната фрлачка на ѓуле беше казнета затоа што не доставила информации за своето движење до Американската антидопинг агенција (УСАДА).
- Со оглед на тоа што ова е второ нејзино кршење на правилата, таа доби продолжена суспензија. Суспензијата почна да тече на 26 декември 2024 година – објави УСАДА.
Ова значи дека Рејвен Сондерс ќе може да се надева на трет настап на Олимписките игри во 2028 година, во својот роден град, Лос Анџелес. Последен пат се натпреваруваше во Лозана, на митингот од Дијамантската лига.
Рејвен Сондерс има 29 години и е позната првенствено по тоа што се натпреварува со маска и има многу специфичен лик. Нејзин најголем успех е среброто во Токио, кога беше зад Кинезинката Гонг Лиџиао.