Страшнаta експлозија и пожар што се случија синоќа, на новогодишната ноќ, зафатија клуб во Швајцарија, во луксузниот скијачки центар Кран-Монтана, оставајќи зад себе пустош. За време на трагичната новогодишна ноќ, исчезнаl Србинot, Стефан Ивановиќ (31), кој работел како обезбедувач во објектот.
Загриженото семејство на младиот човек вели дека немаат никакви информации за него и само се надеваат дека е жив.
Стефан, кој имал двојно државјанство, живее и работи во Швајцарија повеќе од дваесет години, синоќа бил на своето работно место.
– Стефан е брат на мојот сопруг. Работи како обезбедувач во тоа кафуле, а синоќа кога избувна пожарот, тој бил таму. И буквално секоја трага од него е изгубена од тогаш. Никој од нас не знае дали е жив или мртов. Значи, немаме апсолутно никакви информации, иако некои портали објавија дека меѓу гостите на клубот немало никој од Србија, Стефан има двојно државјанство, така што тоа би можело да збуни некого – објаснува Марина за срспките медиуми.
Целото семејство е загрижено и се надева на какви било вести, и ги моли сите што имаат какви било информации за него да ги контактираат.
– Тој живеел тука некое време, подоцна отишол таму. Никој не го видел. Затоа ни треба помош од некого од Србија, од владата или амбасадата, од некого – загрижено додава таа.
Мобилниот телефон на исчезнатиот Стефан бил достапен неколку часа по трагедијата, што им дава надеж на семејството дека тој е жив и дека некаде е згрижен.
Најмалку 40 лица загинаа во експлозија и пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, а повеќе од 100 лица беа повредени. Експлозијата се случи околу 01:30 часот по локално време во барот „Le Constellation“.
Што досега се знае за пожарот во швајцарскиот скијачки центар?












