Екипата на Баерн од Минхен го отпушти Гордон Херберт и веќе започна лицитирањето за неговиот наследник на клупата.
Како што пишува грчкиот новинар Сотирис Ветакис од СДНА, прв кандидат за празното место во кошаркарскиот гигант е Светислав Пешиќ (76).
Статусот на Пешиќ во Германија е добро познат, поради сè што направи за кошарката таму додека беше тренер на Баерн од 2012 до 2016 година. Тој ги помина изминатите четири години како селектор на Србија, со која освои сребро на Светското првенство во кошарка и бронза на Олимписките игри.
Доколку двете страни не успеат да се договорат, во игра е уште еден поранешен тренер на Црвена звезда – Јанис Сферопулос.
Баерн е во низа порази и моментално го зазема претпоследното место во табелата на Евролигата со скор од пет победи и 12 порази.











