„Србија се крена и ќе стои неуморно додека не се исполнат барањата“, е пораката на протестите во 30 градови низ земјата

243
Izvor N1

На протестите во повеќе од 30 градови низ Србија, синоќа беше прочитан говор со истиот текст, во кој студентите бараа избори. Во говорот беше оценето дека овој момент мора да се препознае како одлучувачка пресвртница за Србија. Студентите најавија дека ќе покренат граѓанска непослушност во секој град со порака дека „нема да ги вознемируваат граѓаните, туку лагите, неправдите и корупцијата“.

„Вие кои сте тука, како и сите овие месеци, заедно и упорно се прашувавте. Повеќе од шест месеци бараме вистина и правда, го покренавме најголемиот бран студентски демонстрации во Европа во последните 50 години. Ги одржавме најголемите протестни собири во историјата на Србија, навлеговме во секој агол на нашата земја, пешачевме илјадници и возевме стотици километри. Ја вративме вербата и надежта за подобро утре и верба во праведно општество Ја охрабривме академската заедница и образованието да кренат глава, го разбудивме народот да се бори за своите убедувања“, се вели во говорот прочитан на протестите во Србија, пренесе Н1.

Во тој говор студентите истакнаа дека „непочитувањето на Уставот ги поткопува самите основи на едно демократско општество“.

Студентите порачаа дека се залагаат за враќање на демократската одговорност преку единствениот легитимен канал на располагање – волјата на народот.

„Бараме предвремени парламентарни избори. Овој момент мора да се препознае како одлучувачка пресвртница за Србија. Гласот на младите не е само врева, туку бран кој може да иницира промени, да го врати достоинството и да ја разбуди надежта во правдата и слободата. Демократијата не смее да остане само ветување“, беше прочитано на протестите во повеќе од 30 градови во Србија.

Студентите оценија дека корените на владината корупција се „предлабоки во државниот апарат“, и затоа нивните барања не се и не можат да се исполнат.

„Факт е дека таков систем, заедно со оваа власт, не може и не сака да ги исполни. Ја исцрпивме секоја легитимна форма на барање правда на улица, се обративме исклучиво до институциите кои се законски надлежни за нашите барања. Не добивме соодветен одговор, но наместо тоа добивме најгрозоморни навреди, закани, мачење, малтретирање, газење и лажење.

Студентите најавија дека ќе бидат пред институциите, министерствата, телевизиите кои ги замолчуваат.

„Ќе започнеме граѓанска непослушност во секој град. Нема да ги вознемируваме граѓаните, ќе ги вознемируваме лагите, неправдата и корупцијата“, велат тие.

Во говорот беше истакнато дека ова „не е студентски протест, туку протест на разумот и достоинството“.

„Протест на секој кој бил непочитуван, но сепак има вера. Народот што не се слуша има право да вика, а луѓето што се турнати во ќош имаат право да се бранат. Затоа ве повикуваме да не се борите за нас, туку да се борите заедно. Се додека не се исполнат нашите барања“, беше заклучокот од говорот што беше прочитан на вечерашните протести низ Србија.

ИЗДВОЕНИ