Во тек се последните подготовки на најдобрите кошаркарски репрезентации во пресрет на Евробаскетот кој стартува наредната недела. Се одиграа голем број пријателски натпревари, а во еден од нив се соочија главните претенденти за трофејот, селекциите на Србија и на Словенија. Мечот се одигра во Белград, а во него Србите немилосрдно ја прегазија Словенија со 106:72, најавувајќи „кој е големиот шеф“ кога е во прашање борбата за европскиот трон.

Одличен меч одиграа уште две велесили, во кој Германија беше поуспешна од Шпанија (106:105). На другите „генерални проби“ пред големиот континентален собир, Летонија ја победи Италија (83:68), Чешка беше подобра од Грузија (100:87), како и Финска од Полска (106:87).

ИЗДВОЕНИ