Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа

186

Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска мрежа што учествувала во организирањето на „обоената револуција“ во Србија, објави БГНЕС.

Во „Универзитетска завера“, како што е насловен првиот дел, Бугарија е наведена прва како земја што учествувала во „институционалното уништување и дехуманизација“ на Александар Вучиќ. Филмот посветува посебно внимание на Универзитетот во Ниш. За професорката Наталија Јовановиќ, која е пранешен ректор на Филозофскиот факултет, се вели дека била под директна контрола на Бугарија, па именувана е како „оперативен лидер на шпионската ќелија“. Директно се споменува поранешниот бугарски конзул во Ниш, Георги Јуруков, преку кого таа „создала длабок канал со бугарските медиуми и универзитетски кругови, вклучително и со професор Христо Бонджолов од Универзитетот во Трново“. Во филмот се наведува дека професорката потпишала бројни договори со бугарски образовни институции и на тој начин им дозволила на странски финансиски играчи директно да учествуваат на Филозофскиот факултет во Ниш, без знаење на надлежните образовни институции.

За шпионажа и учество во субверзивна мрежа директно се обвинуваат и други личности од Србија и Бугарија, а по нападите врз бугарската држава, дипломатите и научниците, во филмот почнува кампањата против хрватските, британските, германските и американските дипломатски мисии и служби, за кои работат „локалните предавници и агенти“.

Авторите на оваа „истрага“ се познати по уште една слична „анализа“ во која се негира геноцидот во Сребреница, извршен од босанските Срби во 1995 година.

ИЗДВОЕНИ