Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ изјави дека Србија денес е најтажната земја во Европа, а можеби и во светот, како и дека пред земјата е тежок период.
„Кој знае што нè чека, а ако се случи таа победа за која се преправаме дека ја посакуваме, ќе се соочиме со разбиено општество, празни каси…“, оцени Бјелогрлиќ, повикувајќи ги „сите фактори во општеството да се обидат да се обединат на еден фронт и сите да помогнат во овој социјален бунт предводен од студентите, без разлика дали ќе биде една студентска листа, или повеќе колони од истата страна, би сакал една, но ако не е можно – да направиме еден вид социјален договор“.
Тој додаде дека постои намера да се прикрие одговорноста за 16-те смртни случаи при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, како што се случило многу пати досега.
„Истите тие луѓе одговорни за сè што ни се случува пијат скапи вина вредни десетици илјади евра… додека нивната младост крвари низ цела Србија, обидувајќи се да се бори за зрак од својата иднина“, рече тој во изјава за N1.
Тој додаде дека не се сомнева оти поголемиот дел од Србија се разбудил и е подготвен да се бори за слобода, за нова Србија, „потенцијалот е огромен, но она за што сите сме свесни е дека политичката борба што нè очекува, имено изборите, не знаеме кога ќе бидат, не знаеме дали сме во можност да го принудиме Вучиќ да ги распише, бидејќи за секој ден што го поминуваме во оваа држава, ќе ни требаат уште десет за да се опоравиме“.
Тој нагласува дека “треба да работиме на политичката артикулација и оценува дека студентската листа е непознаница, изборите не се распишани, „и сакаме да се подготвиме за нив“.
Бјелогрлиќ, кој е и еден од основачите на ProGlas, вели дека тие имаат идеја да се борат за гласови од дијаспората, во која, како што додава, има проценки помеѓу 150 и 200 илјади гласови, „ние сме подготвени за тоа, но не сме доволни и не можеме да најдеме сојузници“.












