Србија ѝ даде на Русија 50 дена рок да ја продаде НИС: Вучиќ кажа што ќе се случи ако во предвидениот рок не се појави купувач

147
EPA/ANDREJ CUKIC

Србија ѝ даде рок од 50 дена на руската страна да ја продаде Нафтената индустрија на Србија (НИС), столбот на националната енергетика што ја држат американските санкции во парализа.

„Сакаме да бидеме фер кон руската страна, да им дадеме повеќе време, да покажеме колку ни е важно и пријателството и да бидеме добар домаќин на која било инвестиција“, изјави Вучиќ и додаде:

„Ако во тој рок не се појави купувач, државата ќе воведе принудна управа и потоа ќе ѝ понуди на руската страна „највисока цена“, јави РИА Новости.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста рече дека има уште четири дена до целосен прекин на работата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) доколку американската влада не ѝ ја одобри лиценцата за работа, пренесува регионалниот сервис на „Радио слободна Европа“ (РСЕ).

ИЗДВОЕНИ